сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 73
home Вести

Премиерот Заев се шета со мотор од 30 илјади евра, во анкетниот лист не поседува вакво возило (ФОТО)

Премиерот Заев се шета со мотор од 30 илјади евра, во анкетниот лист не поседува вакво возило (ФОТО)

Премиерот Зоран Заев на мотоцикл денеска дојде од Струмица во Крушево, каде му беше гостин на градоначалникот Томе Христоски, по повод неговиот именден.

Заев пристигнал со поголема група на моторџии и направиле обиколка низ градот, додека Христоски ги придружувал во автомобил за време на обиколката.

Заев возеше моторцикл БМВ, од моделот K 1600 GT/GTL Excl, кој од застапниците во Македонија се продава по цена од 29.990 евра и важи за еден од најскапите и најексклузивни моторцикли на пазарот, пишува порталот Лидер. Повеќе информации за цената, дистрибутерот и моделот, на следниот линк.

Премиерот Заев овој Моторцикл го нема пријавено во неговиот анкетен лист во Државната комисија за спречување на корупција, по што се поставува прашањето дали тој крие имот или можеби овој Моторцикл го позајмил од некого за денешниот настан, за што според Законите во Република Македонија, потребно е полномоштво.

Коронавирус