сабота, 15. август 2020. Вести денес: 75
home Вести

Премиерот Заев на прием во Даунинг Стрит 10

Премиерот Заев на прием во Даунинг Стрит 10

Премиерот Зоран Заев синоќа заедно со останатите лидери на земјите членки на НАТО беше гостин на првиот човек на британската Влада, Борис Џонсон во неговата резиденција во Даунинг Стрит 10 во Лондон.

–„Даунинг 10“ синоќа беше ширум отворена за сите лидери од земјите членки на НАТО. Премиерот Борис Џонсон покажа одлично гостопримство за сојузниците од Алијансата, создавајќи топол предбожиќен амбиент во очи важниот лидерски НАТО состанок, објави премиерот Заев на Фејсбук.

Заев во Лондон ја предводи владината делегација што вчера и денеска присуствува на Самитот на НАТО, на кој се одбележува 70-годишнината од постоењето на Алијансата. Во состав на владината делегација се и вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Коронавирус