понеделник, 19. август 2019. Вести денес: 1
home Вести

Премиерот на Малта му порача на Рашковски: Ако мислите дека Малтежаните се измамници, тогаш дојдете и уверете се

Премиерот на Малта му порача на Рашковски: Ако мислите дека Малтежаните се измамници, тогаш дојдете и уверете се

Скандалот со снимките кои излегоа во јавноста и денеска е топ-тема во Малта. тамошните медиуми почнаа и да тераат мајтап со македонската Влада.

Џозеф Мускат, премиерот на Малта му порача на генералниот секретар на македонската влада дека ако смета дека Малтежаните се измамници, тогаш очигледно никогаш не се сретнал со жителите на островот Гозо, пишува малтешкиот сајт http://bis-serjeta.com.

Имено генералниот секретар Драги Рашковски во својот телефонски разговор со претседателот на македонскиот оператор за контрола на летање М-НАВ изјави дека Малта експлоатира дупки во законите за набавки во ЕУ се со цел да заштеди пари, по што се огласи и премиерот на земјата, пренесува сајтот.

-Ја отфрламе во целост изјавата и обвинувањето дека Малтежаните се крадци и арамии, рече премиерот на прес-конференција утрово.

Тој додаде дека они се крадци, но во споредба со жителите на островот Гозо, сме невини јагниња.

Тој во својата прес-конференција вели и дека Рашковски ако сака да види вистински приказ за измамници нека изнајми куќа на Гозо и да користи такси од фериботскиот терминал.