среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 179
home Вести

Преку програмите на Еразмус+ посети и мобилност на кандидатите и наставниот кадар од приватниот центар за стручна обука „Академија Леонтиќ‘‘- Скопје

Преку програмите на  Еразмус+ посети и мобилност на кандидатите и наставниот кадар од приватниот центар за стручна обука „Академија Леонтиќ‘‘- Скопје

Дел од активностите на  ПРИВАТНИОТ ЦЕНТАР ЗА СТРУЧНА ОБУКА „АКАДЕМИЈА ЛЕОНТИЌ“ –СКОПЈЕ се подготовките на Европските проекти преку програмата на ЕРАЗМУС+ КА1 . Благодарение на долгогодишната  соработка со НАЦИОНАЛНАТА АГЕНЦИЈА ЗА ЕВРОПСКИ ОБРАЗОВНИ ПРОГРАМИ И МОБИЛНОСТ. Како дел од секторската програма ЕРАЗМУС+К1, нашите кандидати  и наставниот кадар имаа можност да ги посетат стручните училишта во Европа и да бидат дел од обуките и праксата што ја овозможуваат.

Наши кандидати беа на мобилност во Рига,Латвија, во период од 14.01.до29.01.2018 во училиштето „RigaStyleandFashionTechnicalSchool“. На  оваа  мобилност  беа 10 кандидати и едно придружно лице од личните услуги за фризери и шминкери.

Во период од 26.02.-13.03.2018 десет кандидати и едно придружно лице беа на мобилност во  училиштето воВилниус,Литванија,„Vilniauspaslauguverslodarbuotojuprofesiniorengimocentras’’.

На оваа мобилност беа кандидати од личните услуги за фризери и шминкери. Во овие две стручни училишта, кандидатите и наставниците имаа можност да посетат многу спа-центри, фризерски и козметички салони,културни споменици, а сето тоа благодарение на  добрата организација на партнерите што нè прифатија и ги организираа за нас дневните активности и програмата за обука.

Во период од 14.02-23.02.2018 двајца наставници беа на обука во училиштето „RigaStyleandFashionTechnicalSchool“ во Рига,Латвија .

Оваа можност е од големо значење како за училиштето така и за самите ученици,кандидати и заработниот наставен кадар, зашто им овозможува одржување чекор со сите новитети во козметичката, фризерската, масерската и шминкерската професија. Учењето преку индивидуални мобилности создава можности за индивидуите да ги подобрат своите вештини, подобрување на вештините за вработување како и запознавање нови култури и зголемување на културната свест, различноста и прифаќањето на нови традиции, начини на протокол на работа, учење јазици, што придонесува за поттикнување на европскиот дух и припадност на европската заедница.

Кординатор на овие проекти е мајстор-предавач Васка Леонтиќ, која со години настојува да ги привлекува партнерите од странство и да го пренесе своето долгогодишно искуство и да ја претстави Македонија како добар домаќин, а не само наши ученици и кандидати да ги посетуваат  странските  училишта и институции, туку овие мобилности да бидат взаемно посетени и училиштата да продолжат во партнерски развој.

Придобивката од овие мобилности не е само во изучувањето на новитетите од стручната област. Најмногу придонесува кандидатите и учениците да се навикнат на различен  систем на работа,да бидат самостални, да се прилагодат во нови услови на живот подалеку од кругот на семејниот комодитет, тимски да соработуваат и самостално да водат грижа за себе. Најзначајно од овие мобилности, од сето горе наведено, е реалноста за животот низ европските земји.

Учениците и кандидатите  имаат прилика да ја видат реалната состојба и да направатспоредба со својата култура и традиција на живот,динамиката и начинот  на работа,а со ова се менува и свеста и размислувањето дали да се замине од својата татковина и да се работи во странство или да се реализира сонот во својата татковина, за тие кои имаат визија и желба за развој на сопствениот имиџ и кариера.

Придобивката за наставниот кадар,придружните лица и кординаторите на проектите, е од огромно значење. На овие мобилности се изучуваат нови методи и техники на предавање, програми кои се изучуваат во делот од личните услуги и како се комбинираат модулите, посебно за најновата програма што изминатите години се применува во стручните, техничките училишта и центри, во областа на личните услуги, а тоа е предметот  ВИЗУЕЛНАТА СТИЛИЗАЦИЈА и  МОДНИОТ СТИЛИЗАМ.

Дологогодишниоткординатор на европските проекти, Васка Леонтиќ, кои со години ги реализира,подготвува и раководи со кандидатите  и наставниот кадар  како во Македонија како домаќин, така и надвор од татковината како учесник, на сите мобилностикако предавач и кординатор на овие проекти, самата го пренесува искуството и вели:

-Имав многу плодна соработка со двете средни стручни училишта и можност да ја согледам придобивката од тие две училишта на овие мобилности, а од сето стекнато искуство и добра соработка со раководителите и предавачите од Европска Унија, да ги воведам најновите модули и вештини на обука и техники кои се применуваат во визуелната стилизација  и модниот стилизам, вели Леонтиќ.

 

 

Најнови вести

Локални избори 2021