сабота, 25. јуни 2022. Вести денес: 95
home Вести

Преку малверзации со ДДВ оштетен е буџетот 20-30 милиони евра, а вмешани се лица блиски до власта на СДСМ и ДУИ, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Преку малверзации со ДДВ оштетен е буџетот 20-30 милиони евра, а вмешани се лица блиски до власта на СДСМ и ДУИ, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Обвинителството и МВР молчат за скандалот во УЈП тежок 20 до 30 милиони евра. Очигледно се обидуваат да го забошотат или пак да го сведат на ситни риби како што тоа го направија со скандалот со 215 пасоши доделени на белосветски мафијаши. Затоа ги повикуваме јавно да излезат со овој скандал и да не ги кријат крупните имиња кои се вмешани, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека во овој криминал учествувале фирми кои фиктивно побарувале ДДВ од УЈП и фирми кои должеле и истите преку цесии се порамнувале и на тој начин го оштетувале буџетот.

– Очекуваме институциите да излезат со информации па да видиме и ние и јавноста дали во тие имиња има вмешани сегашни и поранешни функционери во институции и лица блиски до сегашни и поранешни функционери од оваа власт на СДСМ и ДУИ. Ги предупредуваме институциите да не молчат и да не прикриваат, бидејќи ако не тие, тогаш ВМРО-ДПМНЕ ќе ја информира јавноста за овој скандал, се додава во партиското соопштение.

Коронавирус