среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

Прекината свадба во Тетово, полицијата затекнала 110 гости

Прекината свадба во Тетово, полицијата затекнала 110 гости

Полициски службеници од СВР Тетово во содејство со инспектори од Државен пазарен инспекторат, вчера попладне извршиле контрола во угостителски објект во Тетово, сопственост на К.К(35) од Тетово.

Портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски истакна дека при контролата било констатирано дека објектот не ги почитува здравствените прописи за време на епидемија, односно во моментот имало организирана свадбена веселба со околу 110 гости.

-Свадбата била прекината, а објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат. Сопственикот К.К. бил лишен од слобода и задржан полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, посочува Јосифоски.

Локални избори 2021