среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 177
home Вести

Прекината седницата за одложување на пописот

Прекината седницата за одложување на пописот

Собранието на Република Македонија попладнево го започна продолжението на 38. седница на чиј дневен ред се измените и дополнувањата на Законот за попис, со којшто се предвидува одложување на пописот за септември, и измени и дополнувања на Изборниот заоник. На барање на координаторот на пратеничката група на Алијанса на Албанците и Алтернатива Скендер Реџепи, која се противи на одложувањето на пописот, седницата е прекината и ќе продолжи во 16:30 часот.

Реџепи бараше промени во редоследот за обраќање на пратениците и тврдеше дека тие доставиле листа со пратеници до Кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери.

Претседателот на Собранието кажа во кои случаи се составува листа на пратеници кои ќе зборуваат, и рече дека кога почнало продолжението не сите пратеници на оваа пратеничка група биле во салата да се пријават за збор.

Образложението зошто не биле пратениците во салата на Реџепи беше дека некои пратеници не можеле да најдат место за паркирање, а потоа морале и да се потпишат дека дошле во Собранието.

Претседателот на Собранието рече дека седницата била закажана за 15:00 часот и оти не е негов проблем што некој доаѓа во 15:15 часот и доцни на работа и притоа не наоѓа паркинг. Дека ќе има седница, потенцираше тој, се знаеше уште од вчера.

Џафери, сепак, го прифати барањето и даде еден час пауза.

Најнови вести

Локални избори 2021