сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 81
АКТУЕЛНО

ЦРН РЕКОРД НА ПОЧИНАТИ ВО ЗЕМЈАВА: Денеска над 40 починати, НАЈМЛАДИОТ НА САМО 18 ГОДИНИ!

home Вести

Прекината изградбата на три модуларни амбуланти во Скопје

Прекината изградбата на три модуларни амбуланти во Скопје

Запрена е градбата на трите модуларни амбуланти, кои требаше да ги заменат дотрајаните и руинирани бараки во главниот град. Иако побаравме одговор за причината, надлежните не открија конкретно за што се работи.

“Замената на времените објекти од амбулантно-поликлиничка дејност, се одвиваат согласно планираните активности. По согледувањето од стручниот надзор, а во врска активностите на терен се работи на дообезбедување на инфраструктурни приклучоци и запазување на временски рамки поврзани со градежниот процес.

Притоа сакаме да напоменеме дека рокот за реализација изнесува 60 дена, односно два месеца”, пишува во одговорот од Министерството за здравство.

Теренската работа е запрена не само во Ѓорче Петров, туку и во Ново Лисиче и Бутел. Обезбедувањето вели дека има таква наредба.

Премиерот порача дека во иднина ќе се испитуваат ваквите објекти бидејќи се работи за сензитивно прашање.

“И оваа трагедија има поуки, се прават дополнителни контроли на сите модуларни болници низ земјава, и веројатно долг период пред нас ќе бидат предмет на испитување на ваквите болници. Тоа се болници за згрижување на пациенти”, рече премиерот Зоран Заев.

Лидерот на опозицијата повторно побара конкретна одговорност за трагедијата во Тетово.

“Со набавката направена од Министерството за здравство се бара монтажните болници – контејнери да бидат составени од ѕидни и кровни (PUR) панели кои се најслабо огноотпорни.

Никаде не се бара да се достави атест од произведувач на било кој материјал што е вграден во модуларниве болници.

Нема никаде дека обврзувачко е во самите објекти да има и планови за евакуација.

Сето ова ја надминува моралната одговорност. Потребна е објективна истрага, ослободена од Заев, Филипче и Хасани. Затоа оставки!” , напиша Христијан Мицкоски на Фејсбук.

Инаку, во текот на денот се очекува да пристигнат форензичарите од Германија, кои треба да помогнат во брзо расчистување на случајот.

Најнови вести

Коронавирус