сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 57
home Вести

Прекинат затворскиот штрајк со глад, Владата ветила преговори за амнестија

Прекинат затворскиот штрајк со глад, Владата ветила преговори за амнестија

Затвореници од затворот Идризово попладнево соопштија дека го прекинуваат штрајкот со глад откако по средба со директорот добиле уверување за средба со владата на која ќе ги претстават своите барања, објави Телма.

Семејствата на затворениците го откажаа и за утре најавениот протест пред владата. Затворениците бараат амнестија и за нив како и за 27-ми април, да се преиначат доживотните затворски казни во определени временски казни, ревизија на сите судски процеси за кои сметаат дека се монтирани и европско регулирање на статусот на затворениците од странство. Штрајкот со глад, затворениците го почнаа во понеделник незадоволни што за 27-ми април политичарите подготвија амнестија за своите колеги. Штрајкот се одвиваше без поголеми проблеми, а од попладнево е прекинат поради најавена средба со премиерот и претставници на владата.

Коронавирус