понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 61
home Вести

Прекин на сообраќајот за товарни возила во близина на браната Калиманци

Прекин на сообраќајот за товарни возила во близина на браната Калиманци

Поради одрон на патниот правец Штип – Делчево, во близина на браната Калиманци, кај м.в. Драки сообраќајот е во прекин за товарни возила, соопштија од Автомотосојузот на Македонија.

Поради одрон во прекин е и сообраќајот на патниот правец А3 Кочани – М.Каменица, на делницата од Истибања до брана Калиманци, кај м.в. Ајдучки Камен.

За лесните возила сообраќајот се одвива по направена девијација, додека тешките товарни возила и автобуси се пренасочуваат на регионалниот патен правец Кочани – Бигла – Делчево.

Екипите на Ј.П.Македонија пат работат на расчистување на одронот и нормализирање на сообраќајот на овој патен правец.

На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со возилата и прилагодување на брзината спрема условите на патот. (МИА)

Најнови вести

Коронавирус