сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 14
home Вести

Прегратки, бакнежи и плакета: Премиерот Заев ја прими Тамара со евровизискиот тим (ВИДЕО)

Прегратки, бакнежи и плакета: Премиерот Заев ја прими Тамара со евровизискиот тим (ВИДЕО)

Премиерот Заев ја прими Тамара Тодевска и комплетниот авторски и сценски тим на Македонија што оваа година настапи на изборот на Песна на Евровизијата – Евросонг 2019.

Заев ѝ се заблагодари на Тамара Тодевска и на целата екипа за гордоста што им ја приредија на граѓаните со извонредниот настап и со огромниот успех што го постигнаа со песната „Горда“ (Proud).

Премиерот ја пречека тамара со бакнежи и прегратки.

Во таа чест, премиерот Заев на Тамара и на тимот им додели плакета како знак за признание за историското прво место, како резултат на гласањето на стручното жири на најгледаната манифестација на популарната музика во светот – Евросонг 2019 во Тел Авив, Израел, за композицијата „Горда“ (Proud), која ја направи нашата земја главна тема на евровизиското музичко шоу што го гледаа 200 милиони гледачи.

Заев истакна дека Тамара и тимот на Македонија на Евросонг 2019 станаа херои и силен глас за гордоста со која девојките и жените се борат за остварување на своите права.

Коронавирус