недела, 17. октомври 2021. Вести денес: 178
home Вести

Префрлање на топката: Кој дозволил горење на опасен отпад во Дрисла ?!

Префрлање на топката: Кој дозволил горење на опасен отпад во Дрисла ?!

В.Д. директорот на Инспекторатот за животна средина Сретен Стојковски денеска информира дека откако е дојден на функција, издадени се решенија за забрана на прием и третман на 26 видови на опасен отпад во ЈП „Дрисла“, поради непоседување на соодветни инсталации и ја обвини екс-директорката Ана Петровска дека дозволила третман на опасен отпад и покрај лично извршената инспекција.

Од Државниот инспекторат за животна средина добиле рок од 90 дена, а преостанат е уште еден месец од истиот, за тие да поднесат барање за измена на интегрираната дозвола и да ги раскинат сите договори за прием на таков отпад – во спротивно ќе бидат парично казнети.

Екс-директорката и сега кандидат за градоначалник на Скопје, Ана Петровска, вели дека станува збор за политичка хајка оркестрирана од политичката партија ДОМ, преку која партија и директорот на инспекторатот Сретен Стојковски ќе се бори за место во советот во Куманово, за да се наруши нејзиниот углед и чест, а воедно и појасни за што станува збор, демантирајќи дека не водела сметка за тоа како се постапува со опасен отпад во Дрисла.

-Директорот на Дрисла и вработените, дадоа гаранција дека во тие шифри кои што се во дозволата тие ќе ги складираат на безбеден начин, тоа го потврди и самиот инспектор за животна средина. Од друга страна има и записник каде што јас сум барала да се изземат одредени шифри од опасен отпад имајќи предвид дека за нив дури и складирањето може да претставува проблем, за жал тие шифрии останаа и покрај моето барање.- Ана Петровска.

Коронавирус