вторник, 20. април 2021. Вести денес: 0
home Вести

Предвремени парламентарни избори според рецептот на Сашо Мијалков

Предвремени парламентарни избори според рецептот на Сашо Мијалков

Завчера „магично“ Сашо Мијалков изчезна или со уличен жаргон кажано им направи „ФОРА“ на Оливер Спасовски, Зоран Заев и Вилма Рускоска.

Телефонот на една страна, а тој во непознат правец, е „фора“ стара повеќе од сто години, а често ја гледаме и во холивудските филмови.

Му успеа и на Сашо Мијалков, иако се уште не е утврдено дали е пребеган во друга држава, го нема, не е достапен за органите на прогонот.

Ваквиот потег на Сашо Мијалков можеше да се предвиди уште од петокот. Имено амбасадорот на САД, Кејт Мери Брнз, во петокот индиректно и со дипломатски речник, ја најави затворската казна за екс директорот на УБК, а по нејзиното интервју ваквиот потег на Мијалков беше неизбежен.

Никола Груевски, Горан Грујевски, Никола Бошковски, Игор Спасов, а од завчера и Сашо Мијалков се петорицата кои со голема леснотија им избегаа на македонските власти.

Пет лица од голема важност, ако се земе фактот дека Зоран Заев и СДСМ во минатото, пред доаѓањето на власт, гласно ги обвинуваа за криминал.

Бегството на Мијалков од вчера не ја тресе фотељата само на Оливер Спасовски, од вчера се тресе и фотељата на Зоран Заев.

Зоран Заев, ако се анализира неговата гестикулација вчера пред судот, ќе се забележи дека работите тргнале удолу за него, барам до овој момент, во случај Мијалков навистина да избегал од државата. Ако Сашо Мијалков избегал од Македонија, во тој случај на државата, сакал Заев или нејкел, на есен ќе имаме покрај локални и предвремени парламентарни избори и тоа според рецептот на Сашо Мијалков, рецепт со кој се поизвесен ќе биде крајот на Зоран Заев.

Доколку Сашо Мијалков е надвор од државата, рејтингот на СДСМ и Заев забрзано ќе почне да паѓа, а на опозициската ВМРО-ДПМНЕ забрзано да расте. Па според тој факт, Заев ќе биде приморан да распише предвремени парламентарни избори, за да може да се спаси колку толку, во спротивно коалицијата ќе му се распадне како кула од карти, толку брзо што нема да има време да трепне.

Пратениците на ЛДП ќе настапувале самостојно, Павле Трајанов го најавува истото, БЕСА му бара отчет…

 

Коронавирус