петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Предвидувањата на КУРИР се остварија: Заев ја повлече „јамката“ околу вратот на Рашковски

Предвидувањата на КУРИР се остварија: Заев ја повлече „јамката“ околу вратот на Рашковски

Како што пишувавме изминатите два дена, дека Зоран Заев има ставено „јамка“ околу вратот на Драги Рашковски, тоа денес се оствари.

Драги Рашковски заврши со лисици на рацете, денес, рано изутрина  полицијата го привела, а со овој потег, Зоран Заев си ја спасува владата.

Многу скандали се наредија позади името на Драги Рашковски, а јавноста збесна откако ја виде снимката со скапиот џип и хациендата која планирал да ја гради во едно скопско село.

Претходно, Драги Рашковски, ја разбранува јавноста со одморот во Мексико во време кога светот се тресе од пандемијата која коси животи, а ситуацијата во Македонија не е сјајна.

Приведен е и сопственикот и управител на фирмата што ја доби спорната набавка „Инвока гроуп“, Даниел Станчев.

Се очекува Рашковски и Станчев да бидат изведен пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд – Скопје.

Коронавирус