сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 82
home Вести

Предупредување: Во близина на Тетово шета мечка (ФОТО)

Предупредување: Во близина на Тетово шета мечка (ФОТО)

Жителите на Тетово успеале да фотографираат мечка во планинскиот предел во правец кон месноста Бањиче и долж патот Бродец – Шипковица. Фотографиите се споделуваат на социјалните мрежи со предупредување за внимателност, сметајќи дека ова диво животно во чести случаи знае и да нападне луѓе.

Од друга страна, членовите на здружението за заштита на мечки „Шари Беар“ од тетовско Доброште за овие ретки и заштитени диви животни прават разни активности за да им помогнат да ги преживеат суровите услови во планина. Претседателот Ирфан Селими за разлика од вообичаено мислење дека мечките се опасни за луѓето, го смета спротивното.

–Тие се плашливи повеќе од другите животни и се опасни само ако се гладни. Главниот инстинкт кај мечките е да јадат и кога се сити потоа не се опасни. Кога немаат најдено храна, знаат да се доближат до местата каде има луѓе како и бачила и пчеларници. Така само ги напаѓаат овците за да се нахранат. Ако се нахранети не знааат да прават некоја беља. Сме се сретнале со мечките во шума без да имаме некоја опасност. Тие кога се сити не ризикуваат, објаснува Селими.

Коронавирус