среда, 30. септември 2020. Вести денес: 26
home Вести

Предновогодишни вработувања: Се билда јавната администрација

Предновогодишни вработувања: Се билда јавната администрација

Вработувањата под државна капа не запираат.

Се вработуваат ли по пракса партиски посушници не се знае. Предновогодишно неколку министерства и државни институции со објавени огласи за вработување. Дали кадрите веќе се вработени или местата допрва ќе се пополнуваат?, пренесува „Фактор“.

Агенцијата за администрација секојдневно објавува огласи за вработување на државни службеници, но и различни профили работници и раководители во огласи кои ги објавуваат самите претпријатија и институции.

Оглас за вработување на 15 државни службеници во Владата на Република Македонија, оглас за вработување на 10 државни службеници во Министерството за труд и социјална политика, оглас за вработување на 14 раководители во Агенцијата за вработување.

Оглас за вработување на 18 лица овој месец објави и Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Македонски железници – Скопје. 18.158 денари до 23.746 денари е сумата која се предвидува за плати.

Платите во зависност од работното место се од 18.158 денари до 23.746 денари.

Коронавирус