петок, 6. август 2021. Вести денес: 0
Вонредна вест

ЦРНА СТАТИСТИКА ВО МАКЕДОНИЈА: Од коронавирус починаа 4 лица, 219 новозаразени

home Вести

Предлогот Ајдари да биде нов уставен судија на собраниска комисија

Предлогот Ајдари да биде нов уставен судија на собраниска комисија

Насер Ајдари, државен правобранител на седнцата на денешната собраниска Комисија за прашања на изборите и именувањата се очекува да биде предложен за нов уставен судија.

Во Уставниот суд е испразнето само местото на Исмаил Дарлишта, по изборот на Дарко Костадиновски Осман Кадруи во јануари годинава.

На седницата се очекува Ангел Солев, поранешен судија и Ангеле Илиевски, адвокат, да бидат предложени за нови членови на Советот за јавни обвинители.

Комисијата треба да разреши и да избере и нови членови Советот за научно-културните средби „Десет дена Крушевска Република”, на Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев Јасмин “ и на Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“, како и членови на собраниски комисии.

Во Собранието денеска седници ќе одржат и комисиите за одбрана и безбедност, за земјоделство, шумарство и водостопанство и Законодовано-правната комисија.

Комисијата за одбрана и безбедност на дневен ред се измените и дополнувањата на Законот за производство и промет на вооружување и воена опрема, на Законот за класифицирани информации, на Законот за полиција, на Законот за гранична контрола, на Законот за заштита и спасување и на Законот за управување со кризи, сите во прво читање и на предлог на пратениците од владејачкото мнозинство.

Членовите на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе расправаат за изменување на законите за безбедност на храната, на Законот за основање на Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството, за изменување и дополнување на Закон за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, на Закон за здравјето на растенијата, на Закон за шумарска и ловна инспекција, на Закон за Државниот инспекторат за земјоделство, на Законот за земјоделство и рурален развој и на Законот за виното, сите во прво читање на предлог на владејачкото мнозинство.

Седница ќе одржи и Законодавно-правната комисија.

Коронавирус