недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Предлог закон за задолжување на Македонија денеска пред пратениците

Предлог закон за задолжување на Македонија денеска пред пратениците

Во Собранието на Република Македонија за денеска се закажани продолженија на пет пленарни седници, на кои има закони со завршена расправа и за коишто треба само да се гласа, и закони и други одлуки за кои народните избраници ќе можат да дебатираат. Закажани се продолженија на 18., 26.,29., 34. и 39. седница.

На 18. седница на дневен ред е Предлог на законот за задолжување на Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по договорот за заем за финансирање на Проектот за модернизација на земјоделството, по скратена постапка.

На 26. седница се заостанати Предлог на законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, по скратена постапка и Предлог на закон за преиспитување на факти и докази користени во судска постапка, во прво читање, поднесен од: Павле Трајанов, Маја Морачанин, Мирослав Богдановски, Боби Мојсоски, Моника Зајкова.

Во рамки на 29., 34. и 39 пленарна седница се останати по неколку закони, од кои за дел е веќе завршена расправата

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија