вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 111
home Вести

Предлог-закон за задолжителна вакцинација, оние што ќе одбијат ќе плаќаат 600 евра казна на секои три месеци

Предлог-закон за задолжителна вакцинација, оние што ќе одбијат ќе плаќаат 600 евра казна на секои три месеци

Задолжителната имунизација против Ковид-19 би важела за сите граѓани со наполнети 14 години, освен за трудниците и за оние што го прележале вирусот во изминатите 180 дена
Австрија го претстави првиот предлог-закон со кој треба да се воведе задолжителна вакцинација во земјата. Задолжителната имунизација против ковид-19 би важела за сите граѓани со наполнети 14 години, освен за трудниците и за оние што го прележале вирусот во изминатите 180 дена. Доколку некој не се вакцинира поради здравствени причини, тоа треба да биде потврдено од лекар.

Како што е најавено, доколку овој предлог-закон биде усвоен, треба да стапи во сила од 1 февруари следната година.

Според планот на австриското Министерство за здравство, сите невакцинирани граѓани по пошта ќе добијат известување за закажаниот термин за имунизација против ковид-19 од 15 февруари.

Оние што и покрај тоа ќе одбијат да се вакцинираат, ќе бидат парично казнети, односно ќе треба да плаќаат износ од 600 евра на секои три месеци. Највисоката парична казна е одредена на 3 600 евра.

Австриската влада во моментов во соработка со социјалните партнери, струката, како и претставници на граѓанското општество подготвува закон што наскоро треба да биде доставен до собранието за да се запази четиринеделниот рок за разгледување.

Коронавирус