сабота, 18. јануари 2020. Вести денес: 17
home Вести

Предлог измените на Законот за јазиците на ВМРО-ДПМНЕ услов за ЕУ

Предлог измените на Законот за јазиците на ВМРО-ДПМНЕ услов за ЕУ

Според информациите кои излегоа во медиумите. Францускиот нон пејпер за промена на методологијага за отпочнување на пристапни преговори, кој во јануари ќе се најде пред Европската Комисија во себе содржи јасен став дека понатамошното приближување на земјата кон ЕУ мора да биде пропратено со почитување на правото и ставовите на Венецијанската комисија.

Имено Венецијанската комисија го врати Законот за употреба на јазиците како неуставен и надвор од европските практики. Спротивен на Конвенцијата за регионални и малцински јазици, што е обврска за нашата држава да ги примени препораките и да го усогласи со Уставот и европската пракса.

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ излегоа со став дека ќе изготват предлог измени и ќе ги поднесат до собранието. Имено Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека неуставноста на Законот за јазици за кои опозицијата говореше година дена наназад се потврдила и од страна на Венецијанската комисија. Тој додава дека доколку власта не ги прифати амандманите на ВМРО-ДПМНЕ поднесени за Законот за јазици ќе се потврди само дека Заев е кочничар на правдата во Македонија а дека историјата ќе го памети како премиер кој не го врши она што е негова редовна должност, а тоа е да го почитува и штити Уставот.

– Изборот е едноставен, или Заев прифаќајќи ги амандманите на законот за јазици ќе го почитува правото и Уставот, или ќе продолжи да биде пречка за правдата.

ВМРО ДПМНЕ пред година и половина поднесе иницијатива за оценка на уставноста на законот за јазици, а токму нашето мислење на неуставноста на законот го потврди и Венецијанската комисија. Имаме новонастаната ситуација, поради која ќе поднесеме амандмани на законот за јазици со кој законот ќе биде во согласност на Уставот. Воедно треба власта да знае дека една од клучните работи која е содржана во нонпејперот на Француската влада и препораките на Претседателот Макрон е да се почитуваат препораките од Европските институции, и забелешките на релевантните фактори меѓу кој е и Венецијанската комисија. Се друго ќе не оддалечува од Европскиот пат, истакна Мицкоски.

Спротивно на тоа власта не сака да ги почитува препораките на Венецијанска и вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи, пак, смета дека нема потреба од менување на Законот за јазиците.

– Можеби има различни интерпретации за начинот како ќе се имплементираат тие препораки. Венецијанската комисија вели не смее двојазичноста поради недостиг на капацитети да предизвикува одредени проблеми во судството. Затоа нашиот пристап ќе биде преку добри акциони планови да создаваме капацитети со цел двојазичноста полесно да се имплементира и да не предизвикува никакви проблеми во судството. Бидејќи, како што реков, колку што е важно правото за јазик, толку е важна и правната држава, рече вчера Османи.

Со ваквиот став власта ја става евроинтегративната иднина на државата во прашање. Имено, францускиот амбасадор Тимоние во однос на ова прашање истакна дека треба да се почитува мислењето на Венецијанската Комисија.

„Кога бараме мислење од некого тоа мислење треба да се земе предвид или парцијало или целосно, затоа што сметаме дека телото Венецијанска комисија е доста почитувано и ја почитува целиот свет“, изјави во интервју за Македонското радио, францускиот амбасадор во емјава Кристијан Тимоние.

А кога сме во потрага по европски стандарди – вели амбасадорот – треба да почитуваме мислење на институција која е почитувана.

„Суштината на оваа комисија е да креира право и да се произведе консензус“, порача францускиот амбасадор.