среда, 4. август 2021. Вести денес: 159
Вонредна вест

ОГНОТ ЈА ЗЕМА ПРВАТА ЖРТВА – изгоре жена во Старо Нагоричане

home Вести

„Предизборно Заев ја злоупотреби трагичната смрт на Никола Младенов, манипулирајќи со неговото потесното семејство, кое од првиот момент ја знаеше вистината“

„Предизборно Заев ја злоупотреби трагичната смрт на Никола Младенов, манипулирајќи со неговото потесното семејство, кое од првиот момент ја знаеше вистината“

Ова кусо видео е наменето за сите лицемерно загрижени за трагичното заминување на Никола Младенов, кои во злонамерен контекст се обидуваат да пронајдат виновници онаму каде што ги нема.
Истовремено, лицемерните душегрижници ги забораваат лажните ветувања на Зоран Заев, човекот што без трошка грижа на совеста во своите валкани политички калкулации, злоупотребуваше човечки судбини, ова преку статус на Фејсбук го објавува Иванка Василевска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Предизборно, Зоран Заев ја злоупотреби трагичната смрт на Никола Младенов, манипулирајќи со неговото потесното семејство, кое од првиот момент ја знаеше вистината и јавно се произнесе дека станува збор за несреќен случај.
Во неколку наврати тоа го стори и сопругата на Никола Младенов, која во ниту еден момент не остави простор за сомневање дека во целиот случај се работи за трагична сообраќајна несреќа со за жал фатални последици и побара јавноста да се воздржи од било какви шпекулации кои дополнително би ја продлабочиле тагата и болката кон прерано починатиот сопруг и татко.
Безочните обиди на Зоран Заев да се “ќарат” евтини политички поени врз болката на родителите, излезе на виделина по петкратното убиство кај Смилковско езеро кога на најподмолен начин родителите на загинатите млади луѓе, беа систематски лажени и манипулирани со божемното постоење на снимен материјал од кој можат да се препознаат извршителите на петкратното убиство.
Иако родителите и денес го обвинуваат Заев за поигрување со нивните родителски чувства, тој неодамна изјави дека не се сеќава на таков разговор со нив и ги упати правдата да ја бара во институциите на системот, стои во нејзниот пост на Фејсбук.

Ова кусо видео е наменето за сите лицемерно загрижени за трагичното заминување на Никола Младенов, кои во злонамерен…

Posted by Иванка Василевскa on Sunday, June 28, 2020

Коронавирус