понеделник, 6. јули 2020. Вести денес: 1
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

Предизборни анкети, собраниски драмолетки и странски амбасади

Предизборни анкети, собраниски драмолетки и странски амбасади

Закон за ЈО, таблата на Мизрахи, предвремени парламентарни избори, заврши уште една драмолетка во македонското Собрание.

Законот за ЈО долго време беше подготвуван од владата предводена од СДСМ и Зоран Заев и конечно решија да ни го сервираат, а нормално го избраа полесниот пат, му ставија европско знаменце и само на неколку дена пред распуштање на Собранието решија истиот да биде изгласан.

За носење на законот за ЈО беше потребно двотретинско мнозинство, односно 80 пратеници кои би гласале ЗА истиот.

Две недели пред финалното гласање на законот, власта се фалеше дека биле обезбедени 80 пратеници, но подоцна ова се покажа како блеф на Заев и СДСМ. Имено откако заврши расправата за законот и беа исцрпени сите говорници, претседателот на собранието, Талат Џафери, наместо да го стави предлогот на гласање, од само нему познати причини, ја прекина седницата и веднаш закажа нова, односно разрешувањето на министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, предлог на техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Но ваквиот потег на Џафери на пратениците на СДСМ не им беше чуден, по долга расправа, во доцните часови, Рашела Мизрахи, беше разрешена од функцијата технички министер за труд и социјална политика, а гласањето на законот за ЈО беше закажан на последниот ден пред распуштање на македонското собрание.

Но ако малку подобро размислиме, власта доколку имаше обезбедено двотретинско мнозинство во парламентот, законот за ЈО веќе оддамна ќе беше донесен, а Собранието распуштено.

Но вчера уште една работа не беше јасна, а тоа е поништувањето на гласањето за законот за ЈО.

Имено собранискиот спикер Талат Џафери направи невиден преседан за многу битен закон. Спикерот Џафери, откако при првото глсање за законот за ЈО не обезбеди 80 пратеници, тој наместо да го повтори гласањето, тој целосно го поништи, со што според пратениците на ВМРО-ДПМНЕ беше прекршен деловникот за работа на собранието.

Во изјава за ТВ АЛФА, професорот и поранешен пратеник, Александар Спасеновски вели дека ваквиот потег на Џафери е нелегален.

-Во точката 8 од главата V на Деловникот многу јасно е утврден начинот на гласање во Собранието. Претседателот на Собранието има право да повика да се гласа и да го констатира исходот од гласањето; Повторено гласање, при неизгласување на одредена точка, може да има единствено како поименично јавно изјаснување на пратениците во случај на разлика помала или поголема од 5 гласови на барање на претседателот на Собранието или на еден пратеник чие барање го поддржуваат најмалку десет пратеници ; Предлог законот за ЈО не беше изгласан бидејќи не го доби потребното мнозинство од 80 пратеници и немаше можност за повторено поименично гласање; Одлуката за повторено гласање и самото повторено гласање немаат никаква заснованост во Деловникот, односно истите се нелегални,вели за Алфа, Александар Спасеновски.

Имаше ли власта обезбедено двотретинско мнозинство?

Имаше ли власта навистина обезбедено двотретинско мнозинство во парламетот како што нè убедуваше?

Власта го достави предлог законското решение за законот за ЈО до Собранието, потоа соопшти дека го обезбедиле гласот на 80 пратеници, за веднаш по таа изјава албанските партии една по една излегоа и рекоа дека нема да го гласаат тој закон, за кој тврдеа дека не бил според договореното.

Ако судиме по рекациите на албанските партии, заклучоток би бил дека Заев проба на шверцерски начин да им го подметне предлог законското решение.

Но драмата следеше откако на дневен ред беше ставен предлогот на Оливер Спасовски за разрешување на министерката Рашела Мизрахи, која според експертите, ни крива ни должна, беше разрешена за фамозната табла во МТСП на која пишува Република Македонија.

Рашела Мизрахи, која од самото доаѓање во министерството беше брутално напаѓана од видни членови на СДСМ, затоа што по потекло е Еврејка.

Па така и беа закачувани давидови ѕвезди и беа испраќани нацистички пораки, беше навредувана, омаловажувана… Но сето ова започна откако Мизрахи почна да го обелоденува криминалот на поранешната министерка од редовите на СДСМ, Мила Царовска.

Рашела Мизрахи, беше разрешена поради Република Македонија. Рашела Мизрахи, беше разрешена бидејќи не сакаше да изговори Северна, а истото тоа го направија и многу други функционери на СДСМ, Никола Димитров, Сања Лукаревска, Васко Ковачевски и други.

Според стенограмите од македонското Собрание и самиот технички премиер, Оливер Спасовски, неколку пати не ја изговори додавката Северна, со што според пратениците од ВМРО-ДПМНЕ тој грубо го прекршил Уставот.

Според пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, власта повеќе се грижела за таблата на Мизрахи отколку за реформите кои ги вети пред граѓаните, а никогаш не ги остварила.

-Заради ова ќе ја разрешувате Мизрахи, затоа ќе предизвикувате политичка криза? Направивте СДСМ да биде погрчка партија и од најгрчката. Ги терате со сила кутрите пратеници по 17 пати да го употребуваат новото име. Соберете ја вашата пратеничка група и кажете ѝ да се подготвува за пораз на изборите, рече пратеникот Илија Димовски.

Но по долга расправа во Собранието, Рашела Мизрахи, беше разрешена од позицијата технички министер за труд и социјална политика.

Се поставуваат прашањата: Дали со ваквиот потег на СДСМ, власта сакаше да добие на време и дополнително да се додворува кај странците? Дали власта со ваквиот потег кон Мизрахи и ВМРО-ДПМНЕ, сакаше да си даде дополнителни два дена за преговори и „купување“ на пратеници со цел да обезбеди двотретинско мнозинство?

Собранието се распушти, изборите се ближат!

Конечно по долгата недела, македонското Собрание се распушти, а со тоа и закажани предвремени парламентарни избори на 12-ти април.

А кога сме пред избори, стандардно актуелни се и анкетите.

Изминатите неколку месеци, излегоа неколку анкети, во кои јасно се гледа дека бројките растат за ВМРО-ДПМНЕ, а оние на СДСМ рапидно опаѓаат.

Довербата кај македонското население во ВМРО-ДПМНЕ драстично се зголемила, но се намалила кај СДСМ.

Сите партии во светот, па и во Македонија, си прават свои партиски анкети во кои можат најдобро да видат како стојат со довербата кај граѓаните.

Од извори блиски во опозициската ВМРО-ДПМНЕ и владеачката ДУИ, анкетите говорат дека разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е помеѓу 7 и 10 пратеници во корист на ВМРО-ДПМНЕ, односно на последните анкети кои ги направиле се вели следното: ВМРО-ДПМНЕ би освоиле помеѓу 53 и 56 пратеници, а СДСМ помеѓу 44 и 47 пратеници.

Моментално ДУИ сè уште води во албанскиот блок, па така на овие избори нивните резултати би биле поразлични од претходните, со што бројот на освоени пратеници се движи помеѓу 12 и 16 пратеници.

Но истите овие анкети се идентични и со анкетата која ја направила и една странска амбасада во Македонија, во која разликата со претходните две е само 1000 гласови, со што во моментов се појасно е дека следува промена во власта по 12-ти април.

Дали Дговорот од Преспа со кој СДСМ се гордее ќе ги бутне во опозиција?

Без согласност на граѓаните, но со 80 пратеници, СДСМ ги изгласа уставните измени со кои се промени името на државата, па така од Република Македонија, станавме Република Северна Македонија.

Од тој момент па наваму, бродот на СДСМ како да почна забрзано да тоне, па така она сидро на Заев кое според него требаше да влече напред, по логика на нештата почна да влече надоле. Партијата која ветуваше живот за сите, всушност донесе промена на името на државата.

Преспанскиот договор пред сè беше изгласан на многу сомнителен начин. Пратеници беа пуштани од притвор, поткуп, уцени, закани… а само една цел, да се промени името на државата и се успеа во тоа.

Република Македонија стана Северна, нешто што странците го посакуваа, а Зоран Заев им го сервираше без никаков проблем. Но странците не се виновни, тие само одработуваат своја агенда, виновниците се во “нашите“ редови, на Бихаќка.

Имено, пред да биде донесен Преспанскиот договор, деноноќно СДСМ и Заев нè убадуваа дека тоа е единствената работа која ни недостига за да добиеме датум за преговори со ЕУ, но францускиот претседател Макрон не мисли така.

Тој јасно и гласно ни даде до знаење дека Македонија ваква каква што е не може да влезе во ЕУ. Јасно кажа дека владее криминал и корупција, а право и правна држава нема, нешто што ветуваше Заев, а не го оствари.

Речиси една ипол година по контраверзниот референдум на Заев и СДСМ, Македонија сè  уште нема датум за преговори со ЕУ, а влезот во НАТО толку многу се одолговлечи што некои знаат да речат, „на Заев и најлесната работа не му иде лесно“.

Македонските граѓани се видно револтирани поради промената на името и тоа секојдневно го искажуваа. Со коментари на социјалните мрежи, јавување во контактните емисии, во анкетите…

По се изгледа со ваквиот потег Заев и СДСМ свесно „си пукаа“ во глава!

 

Ристе Здравков

Парламентарни избори 2020