четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 141
home Вести

Пред Велигден поништени 31.000 јајца

Пред Велигден поништени 31.000 јајца

Повеќе од 31.000 јајца се поништени како небезбедни во инспекциските контроли пред велигденските празници, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Спроведени биле 181 вонредни, засилени контроли во производството, преработката, дистрибуцијата и продажбата на јајца на македонскиот пазар. Од нив, 110 биле во малопродажните објекти, а 35 на зелените пазари и 36 на сортирници за јајца.

– Од контролите е констатирано дека дел од операторите со храна извршиле несоодветно класифицирање и означување на јајцата, не поседувале комерцијален документ што ја следи пратката и во промет пуштиле бојадисани јајца во неодобрен објект за таа намена, наведува АХВ.

Констатирани се и други недоследности од помал обем, а инспекциските служби издале 10 решенија за отстранување на констатираните недоследности.

Спроведени се четири едукации и се изречени четири парични казни.

Коронавирус