Претесна салата да ги собере граѓаните од Гази Баба. Енергија, волја да се оди напред, цврстина на верувањето. Гази Баба покажува дека се потребни промени во власта, дека народот се крева против неправдите и неспособноста на владата, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил.
-Еден граѓанин ми вели, ме избркаа од работа, ја избркаа и сопругата од работа, сакаат да ме скршат затоа што не се согласувам со ова што и го прават на државата, но нема да успеат. Јас ќе порачам дека власта го одбра најбрзиот начин до сопствената пропаст, затоа што никој не е над народот. Ова зло што го нанесуваат ќе им се врати како бумеранг. Македонија заслужува подобро, граѓаните заслужуваат подобра иднина, држава која гарантира сигурност, влада која работи за граѓаните.