сабота, 15. декември 2018. Вести денес: 78
home Вести

Пред нас е споен викенд: Еве какво време ја очекува Македонија во наредните денови

Пред нас е споен викенд: Еве какво време ја очекува Македонија во наредните денови

Утре од пладневните часови ќе биде нестабилно, најпрвин во западните делови, а потоа нестабилноста претежно преку северните ќе се преместува кон источните делови.

Врнежите повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи, на места со засилен ветер и услови за појава на град.

Во следните денови ќе биде променливо облачно и нестабилно. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме. Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.