понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 44
home Вести

Пред изборите Заев велеше дека ДУИ не вреди ни пет пари и дека Ахмети треба да оди во опозиција, а денес планира со нив да формира Влада

Пред изборите Заев велеше дека ДУИ не вреди ни пет пари и дека Ахмети треба да оди во опозиција, а денес планира со нив да формира Влада

Во време на кампањата за предвремените парламентарни избори јавноста го слушна мислењето на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за партијата од албанскиот блок со која по минатите избори направи коалиција.

За ДУИ Заев на соговорник во аудио снимката која беше јавно објавена,  му кажува дека Албанците не вредат ни пет пари на пазарот на гласови. Дене, токму со тие гласови, Заев се надева дека ќе формира Влада.

Во врска со „бомбата“ потоа Заев на Фејсбук напиша:

-ДУИ не вредат пет пари на пазарот на гласови. Тоа е мојот став денес, беше мој став и тогаш, во времето кога е снимен разговорот објавен денеска. Имаа 20 пратеници, се преполовија на 10, на овие избори ќе имаат уште помалку, рече тој.

Но, ДУИ на овие избори не добија помалку, туку повеќе пратеници од на изборите во 2016-та. Така, одеднаш, Заев заборави дека изјави дека Али Ахмети треба да оди во опозиција, па денес изгледа мисли поинаку-да стане негов коалиционен партнер во Владата.

На прашањето дали уште стои на ставот дека ДУИ треба да оди во опозиција, Заев одговори дека сите опции се отворени за преговарачкиот процес.

-Да оставиме времето да покаже за да видиме со кога може да направиме коалиција. Јас сум разумен човек секако дека граѓаните преку своите гласови ги даваат правците и очекувањата. СДСМ може да формира влада и со ДУИ и со Алијанса за Албанците и Алтернатива. Сите опции се отворени за преговарачкиот процес, изјави Заев.

Коронавирус