понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

„Пред избори ветуваа мораториуми за градба а после избори уцртуваат стотици згради“

„Пред избори ветуваа мораториуми за градба а после избори уцртуваат стотици згради“

ПРЕД ИЗБОРИ ВЕТУВАА МОРАТОРИУМИ ЗА ГРАДБА, А ПОСЛЕ ИЗБОРИ УЦРТУВААТ СТОТИЦИ ЗГРАДИ !

„Слушај ме што зборувам, не ме гледај што правам” е девизата-водилка на СДС. Нема збор кој не го погазија и нема дело со кое не покажаа дека лажењето е нивна водилка кон власт, преку која си ги оставруваат своите лични интереси.

Ветуваа Мораториуми за градба, а денес носат ДУП-ови за нови здгради и издаваат градежни дозволи како никогаш до сега. ДУП-овите почнаа да ги носат во август кога сите се на одмор, како Богоев во Карпош или тајно и без најави ораганзираат носење на ДУП, како Кисела Вода.

ЗБОРОТ Е ЗБОР !!! Сечеа вени за уништување паркови, а за две години не направија ни еден метар квадтен ново зеленило. За едно дрво во Скопје сечеа вени и организираа протести, па дури измислија и Паркобрани на кои главен им беше Никола Наумовски – Шеф на Кабинет на Петре Шилегов.

Само ова лето заради негрижа им се исушија околу 5000 дрва во Скопје, но за тоа никаде нема да прочитате, а доколку го прочитате, имаат лек и за тоа – ќе ве обвинат дека ширите лажни вести и решен проблем.

Во Карпош донесоа одлука со која секоја барака ќе ја претворат во мини зграда со минимум 8 станови. Во Центар велат дека има мораториум за градба, но згради се градат на секој чекор, на Водно, Дебар маало, Маџир маало…или со еден збор, нема место каде не се гради. Во Кисела Вода на шверцерски начин носат ДУП-ови и уцртуваат згради со 100 станови. Во Гази Баба на местото на саемот се гради мега комплекс на сметка на зеленило.

И сето ова градење сега е во ред. Нема протести, нема паркобрани, воздухот не е проблем повеќе. Шарените и протестирачите сега се вработија, кој како шеф на кабинет, кој како директор, кој како дежурен сркач на чорба.

Вие, драги мои граѓани, сега мислете му ја! Дали ќе верувате на истата шарена болумента која Што кажа – излажа, или на 12-ти Април ќе им вратите толку силно, за на никого повеќе да не му текне вака да си игра со македонскиот народ! Се вели во Фејсбук статусот на комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Коронавирус