недела, 2. октомври 2022. Вести денес: 0
home Вести

Пред девет месеци Заев ветуваше дека нема да руши споменици, денес истите се рушат

Пред девет месеци Заев ветуваше дека нема да руши споменици, денес истите се рушат

Премиерот Зоран Заев, пред речиси девет месеци на почетокот на јуни, ветуваше дека нема да се рушат споменици од проектот „Скопје 2014“ години.

Заев на дебатата со новинарите тогаш истакна дека немал намера да ги троши парите на граѓаните за уривање на спомениците од „Скопје 2014“, но сакал барем една фасада да „соблече“. Денес граѓаните се сведоци дека Заев повторно ги излажа бидејќи започна рушењето на спомениците.

–  Тоа се само желби на човек, но немам намера да трошам пари за уривање и за дислоцирање на споменици, за отстранување на врбите. Го ветив бројчаникот кој ќе врти при секоја украдена пара и тој ќе биде поставен кога ќе ја има првата правосилна пресуда дека се потрошени пари на криминален начин пари, изјави пред речиси девет месеци Заев.

На прашањето, која ќе биде судбината на „Мерцедесот“, Заев рече дека нема намера тој да се вози во него, ниту пак, кој и да е министер.

– Набавната цена на „мерецедесот“ е 580.00 евра, ако го продадеме, нема да му земеме повеќе од 440.000 евра. Најверојатно ќе го користиме само за високи, меѓународни делегации. Тој е оставен во гаража, уништен, изгребан од мачки. Се надевам дека наскоро министерот за внатрешни работи ќе ги повика новинарите и ќе им покаже во каква состојба се наоѓаоваа прескапо возило, рече премиерот.

На прашањето, што ќе испорача новата Влада во првите сто дена, Заев рече дека ќе испорачаат слобода и олеснување на семејниот буџет.

Коронавирус