недела, 20. септември 2020. Вести денес: 84
home Вести

Пред да дојдат на власт ветуваа почист воздух, на власт не мрднуваат со прст- Градоначалниците на СДСМ ги заборавија нивните изјави

Пред да дојдат на власт ветуваа почист воздух, на власт не мрднуваат со прст- Градоначалниците на СДСМ ги заборавија нивните изјави

Скопје со денови се гуши, додека владата предводена од СДСМ, министрите и градоначалниците никако да преземат нешто за намалување на загаденоста.
И додека во минатото ветуваа брда и планини, министрите и градоначалниците од СДСМ заборавија дека ветувањата пред граѓаните биле една голема манипулација за добивање на министерско или градоначалничко столче.

Па така градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ пред две години ветуваше дека ќе го прочистувал воздухот со седум метарска кула.

Градоначалникот на општина Центар во интервју за порталот Фактор најавуваше дека во Центар ќе се постави најреволуционерен патент за прочистување на воздухот.
-Станува збор за еден од најреволуционерните патенти за прочистување на воздухот на денешницата. Според досегашните истражувања, како и со поставувањето на оваа кула во неколку од најзагадените градови во светот, докажано е дека таа прочистува 30.000 m3 воздух. Со поставувањето на оваа кула воздухот ќе се прочисти за неверојатни 70%- 75% , така што на граѓаните ќе им се обезбедат услови за намалување на штетните влијанија од загадениот воздух. Станува збор за објект кој е висок околу седум метри. Според нашите планови, кулата треба да почне да се гради во 2019 година. Во моментов активно се разгледуваат деталните урбанистички планови за да се утврди каде би било најсоодветно да се постави кулата, велеше Богдановиќ.

Министерот за информатичко општество и администрација во 2016 година како опозиција пред граѓаните ветуваше мерки против загаденост кој треба да се преземат, додека сега неговата влада не мрднува со прст против загаденоста.

– Токму затоа во Планот за Македонија имаме предвидено сет на мерки за намалување на загадувањето на воздухот. По промените на 11 декември, ќе го вратиме зеленилото во градските средини преку зголемување на задолжителниот процент на зеленило во Законот за просторното и урбанистичкото планирање. Гасификацијата на Скопје е наш стратешки проект, со тоа ќе се намали и загадувањето на воздухот, затоа што голем дел од домаќинствата ќе се префрлат да се греат на гас.

Во сообраќајот ќе промовираме употреба на гасни горива од типот природен гас и пропан-бутан. Ќе го стимулираме јавниот и организираниот превоз во градските средини и во поголемите компании. Во индустријата, ќе обезбедиме нови поволни кредити за замена на еколошки застарени технолошки линии за производство и инсталација со ефикасни системи за намалување на загадувањето на воздухот.

Но, прв и најважен чекор за намалување на загадувањето е смената на власта. Само нова и одговорна власт може да го намали загадувањето на воздухот. Само нова и одговорна власт може да го подобри квалитетот на животот на граѓаните – нагласи Манчевски, говореше Манчевски пред изборите во 2016 година.

Шилегов во 2017 година изјави и дека не постои решение за загадувањето.

Поранешни функционери, инженери, засегнати граѓани ги образложија студиозно своите идеи и предлози како да се намали загадувањето во главниот град. Дел од препораките на 40 тината граѓани кои се одзваа на повикот од градоначалникот беа во Скопје конечно да се направи трамвај, да се обезбеди гас но и да запрат градежните активности. Граѓаните бараат построги казни за големите загадуваат и редовни контроли на инспекциските служби и во текот на ноќта.

– Независно инспекциско тело DA врши надзор и во трета смена, скалдиштата за дрва да бидат покриени за да не се мокри дрвото, забрана за работа на најголемите печки од ноември до февруари, селекција на отпадот особено за иверици и пвц , редовно миење на улиците.

Меѓу нив имаше и иновативни со конкретен план па дури и предлози како да се соберат потребните средства за инвестиција. Улични светилки кои апсорбираат ЦО2, на сите колективни станбени објекти да се наложи инсталација за соларна енергија, да се сместат сите трговски субјекти во еден и да се ограничи нивното работно време до два дена во неделата.

Градоначалникот Шилегов задоволен од предложените мерки, напомена дека сепак сите се согласни дека нема инстант решение кое може да се спроведе за еден ден. Надлежностите на градот се ограничени во однос на ограничување на сообраќајот, напомена дека голем дел од овие идеи на граѓаните веќе се дел од долгорочната стратегија на Градот Скопје.

Шилегов потсети дека минатата недела биле извршени 20 контроли и изречени се 3 казни на индустриски капацитети и отпадот ДРИСЛА . Во функција е бројот 193 каде граѓаните можат да пријават оган на отворено.

Една од паролите на СДСМ на изборите беше и преземање на интни мерки за чиста вода и чист воздух.

Пред две години исто така Златко Марин кој е во моментов градоначалник на општина Аеродром изјави дека Ивица Коневски само ја зголемил загаденоста на воздухот во Аеродром.

Шекеринска исто така во 2013 година зборуваше како Скопје се гуши, а власта не презема ни еден чекор да ги зазаштити граѓаните, додека денес мудро молчи…

Коронавирус