сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 0
home Вести

ПРЕД 30 ГОДИНИ: Собранието на СР Македонија одлучи, државата да го носи името Република Македонија

ПРЕД 30 ГОДИНИ: Собранието на СР Македонија одлучи, државата да го носи името Република Македонија

На денешен ден пред 30 години, односно на 7 јуни 1991 со одлуката на Собранието на Социјалистичка Република Македонија, одредницата „Социјалистичка“ од името на СР Македонија бил изоставена и Републиката го носи називот Република Македонија.

Дна месеци подоцна, односно на 6 август Собранието усвојува Одлука за распишување референдум за изјаснување на граѓаните за суверена и самостојна држава.

Во Одлуката е утврдено прашањето за кое граѓаните ќе се изјаснат на референдум: „Дали сте за суверена и самостојна држава Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверените држави на Југославија?“

На 8 септември истата година се одржува референдумот за сувереност и самостојност на македонската држава.

На референдумот позитивно се изјаснуваат 95,09% од излезените граѓани, или 72,16% од вкупниот број граѓани со право на глас. По тој повод, 8 Септември е прогласен за државен празник – Ден на независноста.

На 17 септември Собранието на Република Македонија носи Декларација за потврдување на референдумските резултати за конституирање на Република Македонија како суверена и самостојна држава.

Во Декларацијата е истакнато дека граѓаните на Република Македонија, на демократски начин испишаа нова страница во македонската многувековна историја за заокружување на самостојноста и сувереноста на Република Македонија како држава. Оваа Декларација претставува формална одлука на Собранието на Република Македонија за конституирање на Република Македонија во суверена и самостојна држава, со оглед на фактот што референдумски изразената волја на граѓаните нема одлучувачки, туку само консултативен карактер.

Во 2018 година, македонската влада предводена од претседателот Зоран Заев, по преговорите со грчката влада, предводена од претседателот Алексис Ципрас, потпишаа договор името на државата за внатрешна и надворешна употреба да биде „Северна Македонија“. Новото име стапи во службена употреба на 11 февруари 2019 година.

Коронавирус