сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 63
home Вести

Празници се ближат, тендери се нижат за другарите на Заев

Празници се ближат, тендери се нижат за другарите на Заев

Компанијата „Енерџи активе“ увоз извоз ДООЕЛ Скопје доби тендер од Министерство за одбрана од над 1 милион евра, или 159 тендери за три години.

Празници се ближат, тендери се нижат. Друштвото за производство, трговија и услуги  „Енерџи активе“ увоз извоз ДООЕЛ Скопје го доби новиот тендер од Министерството за одбрана за набавка на електрична енергија.

Според податоците од  Електронскиот систем за јавни набавки, стои дека износот на овој договор кој што е склучен пред само 5 дена изнесува 98.860.00 денари или 1,607.480 евра, додека па тендерот со вклучен ДДВ изнесува 141.600.000 денари или 2.302.439 евра.

Од јавно достапните податоци стои дека фирмата „Енерџи активе“ увоз извоз ДООЕЛ Скопје за која не знаеме кој е сопственикот, има добиено 159 тендери од државни институции само во рок од три години.

Имено, во 2018 година, „Енерџи активе“ увоз извоз ДООЕЛ Скопје, склучува 14 тендери на вкупната вредност на сите тендери која е 3.763.637 евра, додека најголем тендер склучува со Македонски железници Транспорт АД Скопје во износ од 82.419.061 денари или 1.340.147 евра.

Веќе во 2019 година, бројот на склучени тендери расте, па така компанијата „Енерџи активе“ увоз извоз ДООЕЛ Скопје, за една година добива 23 тендери, а највисока сума која што ја зема за набавка на електрична енергија е 53.100.000 денари или 863.415 евра на АД Градски Трговски Центар.

Само за 2019 година, компанијата земала 3.287.385 евра по однос на склучени договори со државните институции.

Веќе во 2020 година компанијата „Енерџи активе“ увоз извоз ДООЕЛ Скопје, доживува вистинска експанзија и за само една година склучува неверојатни 122 тендери односно вкупната вредност која што ја добива оваа компанија е 13.613.842 милиони евра, а тендерите се склучени со државни институции, јавни претпријатија и локални заедници.

Како потписник се јавува на тендерите за набавка на електрична енергија со Министерството за одбрана, ЈП Водовод и канализација Скопје, М.Ж.Транспорт АД Скопје, Министерство за внатрешни работи, АД Градски Трговски Центар, ЈП Национална радиодифузија Скопје, Служба за општи и заеднички работи на Владата, ЈПКД Комуналец Струмица, ЈПКД Комуналец Гевгелија, КПУ Идризово, општина Гостивар, Борис Трајковски ДООЕЛ, ЈЗУ Општа болница Прилеп, ЈКП Водовод Битола, ЈКП Водовод и канализација Прилеп, општина Бутел, Агенција за катастар и недвижности, општина Неготино, ЈП Комунална хигиена Скопје, ЈКП Водовод Илинден, ЕЛС Општина Берово, Управа за водење на матична книга, НУ Македонски театар Скопје, ЕЛС Општина Демир Хисар, ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци, општина Аеродром, ЈПКД Комуналец Гостивар, Основен суд Скопје 2 Скопје, ЈКП Никола Карев Пробиштип, Национална установа Археолошки музеј на Македонија, ЈЗУ Општа болница Струмица, општина Велес, општина Босилово, ЈЗУ Психијатриска болница Скопје-Скопје, М-НАВ АД Скопје, Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, општина Виница, ЈПКД Брегалница Делчево, општина Кривогаштани, општина Могила, ЈЗУ Психијатриска болница Негорци, општина Дебарца, општина Штип, Дрисла Скопје, ЕЛС Новаци, Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, ЈЗУ Здравствен дом Велес, ЈЗУ Центар за јавно здравје Скопје, ЈП Охридски Комуналец Охрид, Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, општина Вевчани, ЈЗУ Здравствен дом Ресен, ЈП Билјанини извори Охрид, ЈЗУ Специјална болница за белодробни заболувања и туберкулоза Јасеново Велес, ЈУ Градска библиотека Браќа Миладиновци Скопје, ЈПК Петровец, ЈОУДГ Павлина Вељанова Кочани, Завод за рехабилитација на дена и младинци Скопје, ЈУ Национален парк Маврово, Основен суд Охрид, ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ Скопје, Основен суд Битола, Основен суд Штип, ЈП ХС Злетовица Пробиштип, Основен суд Струмица, Државно правобранителство на Република Македонија, Основен суд Струмица, ЈП Градски Гробишта Охрид, Основен суд Велес, Апелациски суд Штип, Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги како и многу основни и средни училишта ширум државата.

Податоците од електронскиот систем за јавни набавки исто така покажуваат дека компанијата во 2016 и 2017 година склучила само 19 договори за набавка на електрична енергија, додека пак од 2018 до сега доживува вистинска ренесанса кога станува збор за склучување на тендери.

Ако се земе во предвид дека власта изминатиот период делеше тендери во четири очи за кои сведок е јавноста, тогаш не постои ниту мал сомнеж дека тука постои нешто сомнително односно дека однапред договорен тендер и се поставува прашањето дали институциите ја одбирале најниската понуда или пак важна им била само компанијата која се јавува како понудувач со оглед на фактот дека во Македонија постојат неколку компании за набавка на електрична енергија.

Ова отвора вистински сомнеж за можен сторен криминал и злоупотреба при доделување на тендер со државни пари, но дали ќе биде од интерес за истражување на органите за прогон, останува неодговорено.

Коронавирус