сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 35
Во живо

ВМРО-ДПМНЕ на протест пред Регулаторната комисија за енергетика против поскапената струја

home Вести

Пратеникот Василевски на денешното рочиште: „Не ни можам да направам акт на тероризам“

Пратеникот Василевски на денешното рочиште: „Не ни можам да направам акт на тероризам“

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Василевски кој е еден од обвинетите за терористичко загрозување на уставниот поредок на Република Македонија, на денешното трето рочиште го изнесе својот воведен говор во кој со факти ги нападна бледите и неосновани позиции во обвинението од страна на Основното јавно обвинителство. Тој изјави дека „не ни може да изврши акт на тероризам“, а за што е обвинет.

-Со мојот адвокат Сашо Новаковски се знаеме 47 години. Пред да одлучи да ме брани се договоривме прво да ги погледне доказите и да ги согледа фактите.Меѓу другото пред него и пред целото мое семејство се заколнав дека ништо не сум договарал, дека не сум имал некаква умисла.за настаните кои се случија. Жал ми е за повредите, меѓу тие луѓе има многу мои пријатели, меѓутоа јас сум доктор со стотици признанија, благодарници и дипломи и илјадници и илјадници пациенти на кои сум им помагал. Јас не можам да извршам акт на тероризам, рече Василевски.

Тој за тврдењата на Обвинителството позиционирани во обвинителниот акт изјави дека ја ставаат Македонија во друштво на ретките земји во кои има стотици политички притвореници и во кои пратеници се стават во притвор:

„Вакво обвинение со кое се обвинуваме за тероризам го има само во Македонија и Венецуела“, рече познатиот доктор од Охрид, татко на три деца и пратеник во втор мандат кој меѓу сограѓаните е познат како исклучително културен, благ и чесен човек со одличен углед.

Најнови вести

Коронавирус