среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 180
home Вести

Пратеникот од СДСМ кој физички нападна граѓанин, продолжува со дивеењето низ Гостивар- автомобилот незаконски го паркира каде ќе стигне

Пратеникот од СДСМ кој физички нападна граѓанин, продолжува со дивеењето низ Гостивар- автомобилот незаконски го паркира каде ќе стигне

Откако пред два дена јавноста беше шокирана од насилното однесување на пратеникот на СДСМ од Гостивар Благојче Трпески, денеска во јавноста се појавија фотографии од неговиот неправилно паркиран автомобил во Гостивар.

Инаку како што пред два дена објави НетПрес, пратеникот физички нападнал граѓанин на Гостивар кој со своето малолетно дете го паркирал автомобилот. Освен физичкиот напад, на граѓанинот му е искршено и ветробранското стакло на автомобилот од страна на пратеникот.

Сето тоа се случувало пред очите на малолетно дете, а целиот случај тој го раскажа во својот статус на Фејсбук.

-Згрозен и огорчен од денешните случувања….
Повик до сите надлежни институции да си ја завршат својата работа онака како што доликува.
Денес сум јас со моето дете,утре можеш да бидеш баш ти….
Кршењето на автомобил и удирање на својот татко пред очите на своето дете поради тоа што треба да почекаш некоја минута за да поминеш со твоето возило, е далеку од нечовечност,без разлика дали си пратеник или некаков функционер…
Никој не смее да се повика на својот имунитет кој е даден од народот,за да вербално и физички напаѓаш свој сограѓанин.
Испраќам апел до сите институции барем еднаш да застанат позади обичниот граѓанин и да го расветлат целосно случајот.
ОДГОВОРНОСТ МОРА ДА ИМА
ДА НЕ СЕ ОБИДУВАТЕ ДА ГО ПРИКРИЕТЕ СЛУЧАЈОТ….
……Секој збор на мојата ќерка е :
Тато,зошто чичкото ни ја искрши колата и зошто те удри….
Е баш поради ова ќе има одговорност
Децата се секогаш на прво место…
#Правда #Одговорност, стои во неговиот пост на Фејсбук.