среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 127
home Вести

Пратеник на СИРИЗА: Историски докажано е дека не постои македонска нација

Пратеник на СИРИЗА: Историски докажано е дека не постои македонска нација

Во време кога СДСМ преговара за промена на Уставното име на Република Македонија и кога Зоран Заев јавно кажа дека не постојат кај него црвени линии од Грција од владеачката партија Сириза не престануваат со негирање на се што е македонско.

Во најновото интервју дадено за “Радио Слободна Европа“, пратеникот од редовите на Сириза во Грчкиот парламент Димитрис Мардас нескриено негира се што е македонско . Тој вели дека македонската нација никогаш не постоела и дека мора да се смени Уставот со цел Македонија да напредува кон ЕУ и НАТО.

 Слушајте, најпрвин историски докажано дека не постои македонска нација и да започнеме од оваа точка. Во тој контекст треба за сè да разговараме. Но, мора да бидеме убедени дека тогаш кога ќе го сменат името, тоа ќе значи дека ќе треба да сменат, исто така, и многу други прашања кои се поврзани со националниот империјализам или што и да е друго. Во тој контекст, ерга омнес е нешто што е дел од ова определување, кое ќе го гарантира мирот во регионот без прашања кои можат да останат и да провоцираат какви било проблеми во иднина, вели Мардас

Тој притоа нескриено збори дека иако Македонија направила многу остапки во однос да се реши прашањето за името сепак тоа не е доволно и дека треба да се направи промени на речиси се. Промени според него освен во уставот треба да има и во образованиот систем, промена на учебниците и комплетно менување на историјата и само на тој начин Грците ќе бидат задоволни

 – Покрај овие промени има уште некои прашања кои мора да бидат променети, знаете, за да биде редуциран националниот империјализам (н.з. иредентизам). Како и да е, како што знаете, ние ја имаме Привремената спогодба, каде што има членови за тој националниот империјализам и промените кои се однесуваат на Уставот, а имаме и еден дел кој се однесува на промените во образованието. Ние мислиме дека во тој контекст нашите соседи не го почитуваат тоа што го потпишале. Поради тоа ние треба да направиме повеќе реформи кои ќе се справуваат со Уставот, а потоа и со проблемот на образованието, рече Мардас

 

Ваквото очигледно негирање на Македонија и македонскиот народ поминува без реакција од владата на СДСМ. Додека премиерот Заев молчи и не ја известува македонската јавност но и опозицијата како течар преговорите во Грција тамошните политичари нескриено си ги кажуваат своите позиции во однос со името на Македонија. Дали овие најави на Грците ќе се остварат и Македонија и македонскиот народ конечно со оваа влада ќе се обезличи еднаш засекогаш останува да видиме. Од друга страна се поставува прашањето дали Зоран Заев е подготвен да ја жртвува оваа држава се со цел останување на власт исто така времето ќе покаже.

Коронавирус