петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 152
home Вести

Пратеник на СДСМ од Охрид позитивен на коронавирусот

Пратеник на СДСМ од Охрид позитивен на коронавирусот

Пратеникот од владејачката СДСМ, Лазе Таневски од Охрид е позитивен на коронавирусот.

Тој на социјалните мрежи објави дека е заразен со вирусот, а неговото семејство се тестирало и сите се негативни.

„Почитувани пријатели,

Сакам да ве информирам дека поради приватно неодложно патување, самоицијативно направив тестирање на КОВИД 19. За жал, и покрај почитувањето на сите мерки и протоколи од моја страна, истиот е позитивен.

Воедно сакам да ве известам дека членовите од моето семејство се тестираа и сите се негативни.

Јас се чувствувам добро и немам никакви симптоми. Мерката за изолација ќе ја испочитувам како и сите други граѓани на нашата земја.

Со сето ова кажано чувствувам голема одговорност уште еднаш да упатам апел до сите и да ја нагласам сериозноста на вирусот и можноста за зараза со молба да бидете максимално внимателни.

Со желба за побрзо оздравување и позитивни мисли Ве поздравувам.

Се гледаме наскоро“ – напиша Таневски на ФБ.

Коронавирус