недела, 9. мај 2021. Вести денес: 94
home Вести

Пратениците се вакцинираат со вакцината „Спутник В“

Пратениците се вакцинираат со вакцината „Спутник В“
МИА

Во салата „Борис Трајковски“ денеска ќе вакцинираат пратениците, како дел од критичната инфраструктура опфатена во Националниот план за ковид имунизација.

Како што информира Министерството за здравство, вакцинацијата се одвива во три групи, од 10 до 18 часот.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска истакна дека пратениците се вакцинираат со руската вакцина „Спутник В“.

Во салата „Борис Трајковски“ во тек е вакцинација на возрасни лица од 73 и 74 години, а во здравствените домови низ државата се вакцинираат лица постари од 73 години.

Коронавирус