среда, 23. септември 2020. Вести денес: 173
home Вести

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со критика за донесувањето на закони по скратена постапка- во петок продолжува 77. собраниска седница

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со критика за донесувањето на закони по скратена постапка- во петок продолжува 77. собраниска седница

Собранието на Република Македонија попладнево по скратена постапка ги донесе Законот за задолжителни капитално финансирано пензиско осигурување, Законот за пензиско и инвалидско осигурување и Законот за лековите и медицинските средства.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ Весна Пемова и Илија Димовски го критикуваа донесувањето на закони по скратена постапка, нагласувајќи дека кога претходната власт во правела тоа, тие оценувале дека е негативно.

Пемова го оцени Законот за задолжителни капитално финансирано пензиско осигурување како позитивен бидејќи, како што рече, со него ќе се отстранат неправдите што им биле нанесени на некои пензионери.

– Со измените се воведува еден нов критериум за зачленување во задолжителнителните пензиски фондови во вториот столб, односно досега важечкиот критериум за прво вработување да биде критериум за влез во задолжителниот фонд во вториот столб, сега се заменува со возраста на осигуреникот, објасни Пемова.

Наведе дека тоа се прави бидејќи се има воочено оти оние повозрасни членови и на задолжителниот, односно првиот пензиски столб, и на вториот кои неодамна заминале во пензија всушност биле оштетени, односно нивното членување во вториот пензински столб им донело многу пониска пензија отколку на оние пензионери кои беа членови само на првиот столб.

Во однос на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Ѓорчев истакна дека Владата недоволно ги извршува ветувањата кои ги има дадено, посочувајќи дека СДСМ го разочарала народот, како и дека пензионерите се чувстуваат изневерени.

Пемова, за предлог за измени и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства објасни дека со него се бара во Агенцијата за лекови и медицински помагала да се вгради можност директорот да има негов заменик.

Посочи дека со досегашниот закон, при отсуство, директорот за заменик назначувал некој од вработените.

По донесувањето на Законот за лековите и медицинските средства, претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина 77. седница, а продолжението го најави за во петок.

Коронавирус