недела, 9. мај 2021. Вести денес: 95
home Вести

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го кочи 5-тиот пакет на мерки, со саати се чека да ја стават точката на дневен ред

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го кочи 5-тиот пакет на мерки, со саати се чека да ја стават точката на дневен ред

СДСМ го кочи 5-тиот пакет на мерки, со саати се чека да ја стават точката на дневен ред, велат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

-За да ја скратиме оваа работа драмолетка, немате кворум тоа е факт. Слабо ви е мнозинство и тоа е факт, не се сите пратеници тоа е факт. За да скратиме овие драмолетки. Ве молиме, констатирајте дека немате кворум за 32-рата седница, ставете ја седницата 36 да ги изгласаме законите. Џабе тропате, граѓаните ви тропаат, ги чекаат парите, дајте да ги гласаме. Ве молиме еден месец. Ајде закажете ја 36-тата седница, кажа Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ, според пратениците на опозицијата, е неодговорна кон државата и граѓаните. -Фирмите страдаат заради нивното политиканство. Десетици илјади граѓани чекаат помош.

-Цела држава, сите граѓани, сите фирми се свртени кон собранието, а СДСМ прави театар и сака да собира политички поени. Граѓаните сега гледаат – СДСМ го кочи 5-тиот пакет на мерки и помошта кон граѓаните и фирмите. Ајде СДСМ ставете го 5-тиот пакет на мерки на гласање и да им помогнеме на граѓаните.

Инаку, ВМРО-ДПМНЕ втор ден по ред бара носењето на економската помош за граѓаните и фирмите да биде приоритет. Обвинуваат дека во период кога речиси 16.000 граѓани чекаат плата, а голем број фирми помош од државата, власта игра политички игри без граници.

Коронавирус