понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 12
home Вести

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ успеаја да го срушат незаконското доделување на 33 милиони евра од Владата за Макпетрол

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата даваше напори да блокира дел од работата со цел да не бидат злоупотребени 33 милиони евра народни пари. И успеа во тоа.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ успеаја да го срушат незаконското доделување на 33 милиони евра од Владата за Макпетрол

И покрај намерата на власта предводена од СДСМ вчера доцна вечерта да се донесе законот со кој ќе им се доделат 33 милиони евра од буџетот на Македонија на компанијата Макпетрол пратениците од ВМРО-ДПМНЕ успеаја да го срушат ова незаконско доделување.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата даваше напори да блокира дел од работата со цел да не бидат злоупотребени 33 милиони евра народни пари. И успеа во тоа.

Нервозата кај претставниците на власта беше видлива, па седницата се одвиваше во напната атмосфера.

Џафери на крај ја прекина седницата – соочен со фактите на опозицијата и нервозата кај владејачкото мнозинство. Иако пратениците на Заев во најголем дел не беа во салата.

Од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата претходно обвинија дека за овој Договор меѓу државата и Макпетрол јавноста нема доволно информации и со истиот ќе се направи штета на сметка на државниот Буџет.

Исто така пратениците додадоа дека во прашање е телевизијата Телма и дека на овој начин заев го купува влијанието преку подарување на 33 милиони евра од државата за Макпретрол.

-Власта сака на мала врата без доволно информации и консултација со јавноста да се изгласа закон со кој ќе му се признае на Макпетрол сопственост од 50 отсто во гасоводот во Македонија и истиот да му се плати по нереално висока цена од 33 милиони евра иако самата власт вели дека вредноста на влогот на Макпетрол е 18,8 милиони евра, обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од тука се поставува и прашањето зошто државниот правобранител не сакал да даде дозвола на премиерот Заев да го потпише договорот? Зошто владата на Макпетрол сака да му плати екстра 14,2 милиони евра? И зошто се оди со закон во Собранието што никогаш претходно не се случило во историјата на Македонија?

Собранието на Реублика Македонија вчера по долгата дебата ја прекина работата по 19. седница и претседателот Талат Џафери закажа продолжение за денеска во 11 часот.

Пратениците треба да ја продолжат расправата по измените на Законот за инвалидски организации, за која се пријавени уште 13 говорници.

По исцрпување на дневниот ред на 19. седница, претседателот на Собранието најави дека ќе продолжат со работа по преостанатите точки од 20. седница и, евентуално, да се продолжи по уште две седници на кои, како што рече Џафери, има многу важни точки за граѓаните.

Седицата ја прекина на барање на опозицијата, која во расправата по 18 часот реагираше дека се продолжува со работа без да бидат известени за тоа.

 

Коронавирус