четврток, 27. јуни 2019. Вести денес: 69
home Вести

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа точката за промена на Уставот да се тргне од дневен ред

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа точката за промена на Уставот да се тргне од дневен ред

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, на денешната собраниска седница побара точката за промена на Уставот на Република Македонија да се тргне од дневен ред.

-Бараме точката од дневен ред да се тргне бидејќи е спротивна на Уставот на Република Македонија и спротивна на волјата на граѓаните. Со овие измени на Уставот од формално-правен аспект се кршат темелните вредности на Уставот, уставниот поредок и кршат неколку членови од Уставот. Преку оваа точка се брше не само името на Република Македонија, туку и историјата и културата на државата, истакна Мицевски.

Тој потенцираше дека граѓаните на референдумот испратиле јасна и недовсмислена порака дека се против договорт со Грција.

– Пратениците се преставници на граѓаните во Собранието на Република Македонија, а граѓаните на референдумот пратија јасна и недовсмислена порака дека се против договорт со Грција и против промена на името на Република Македонија. Референдумот за промена на името беше неуспешен. Оттука сите народни избраници, Собранието како распишувач на Референдумот, владата како извршна власт и сите други институции не смеат да ја газат волјата на над 1.200.000 гласачи кои на овој договор му ставија точка. Се прекршија многу закони, се извршја многу притисоци и пак референдумот не беше успешен.

Мицевски додаде дека стратешка определба на ВМРО-ДПМНЕ било и ќе остане ЕУ и НАТО, но не по цена на уставното име и историјата.

– Досега не постои меѓународен договор кој се ратификува од едната страна, а не се ратификува истовремено од другата страна. Ние ќе преземеме обврски, а каква обврска презема Грција и која е мерката или алтернативата доколку Грција го исгласа договорт во нивниот парламент, кој се гаранциите за Република Македонија. Сакам да потенцирам дека стратешка определба на ВМРО-ДПМНЕ била и ќе биде НАТО и ЕУ, но не на ваков начин откажувајќи се од своето уставно име и својата историја. ВМРО-ДПМНЕ работело и ќе работи за интеграција на Република Македонија во НАТО и ЕУ.