четврток, 15. ноември 2018. Вести денес: 56
home Вести

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја поддржуваат Декларацијата за членство на Македонија во НАТО

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја поддржуваат Декларацијата за членство на Македонија во НАТО

Во однос на Декларацијата за приклучување на Република Македонија во НАТО, би сакал да нагласам дека оваа декларација не е ништо ново,  вели Драган Данев, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија.

-Секогаш вакви декларации и  резолуции со кои се поддржува влезот на Република Македонија во Европската Унија и НАТО се носеле со консензус од сите политички партии како надпартиски документ. ВМРО-ДПМНЕ секогаш ги поддржувало, ги поддржува и ќе ги поддржува во иднина. Впрочем првата Декларација за влез на Република Македонија во НАТО Алијансата е поднесена далечната 1993 година гтокму од ВМРО-ДПМНЕ и изгласана со консензус од сите политички партии во Собранието на Република Македонија во тој период.