понеделник, 10. мај 2021. Вести денес: 164
home Вести

Пратениците на БЕСА избраа страна: Двајца со Касами, двајца со Каремани

Биљал Касами, кој тврди дека се уште е легитимен партиски претседател, денеска во јавноста се појави со пратениците Фадиљ Зендели и Теута Биљали, како и со некои членови од партиското централно претседателство.
Пратениците на БЕСА избраа страна: Двајца со Касами, двајца со Каремани

Расколот во БЕСА ја подели петчлената пратеничка група на оваа партија, која на последните парламентарни избори настапи во коалиција со еден дел од фракцијата на НДП.

Биљал Касами, кој тврди дека се уште е легитимен партиски претседател, денеска во јавноста се појави со пратениците Фадиљ Зендели и Теута Биљали, како и со некои членови од партиското централно претседателство.

Неколку дена претходно, пак, Орхан Муртезани во име на другото крило во БЕСА истакна дека го промениле Касами и го назначилe пратеникот Неџбедин Каремани за в.д. претседател, кој, според нив, треба да раководи со партијата до конгресот во фебруари.

Инаку, Каремани денеска се појави на прес-конференција во парламентот, придружуван од колегата Африм Гаши, а во нивниот табор е и петтиот пратеник од оваа пратеничка група – Реџеп Мемеди.

Коронавирус