недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 14
home Вести

Пратениците Мисајловски и Стојаноски поднесоа амандман за уредување на кејот и речното корито на реката Лепенец – обезбедени средства за решавање на овој горлив проблем

Пратениците Мисајловски и Стојаноски поднесоа амандман за уредување на кејот и речното корито на реката Лепенец – обезбедени средства за решавање на овој горлив проблем

Заедно со пратеникот Владо Мисајловски поднесовме амандман за уредување на кејот и речното корито на реката Лепенец во износ од 100 милиони денари, средства кои треба да бидат планирани во буџетот за 2021 година, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

„Ова не беше добра волја на мнозинството кое гласаше против и како опозиција го надгласавме мнозинството и обезбедивме средства за решавање на овој горлив проблем.

Желба на сите жители на Ѓорче Петров, кој досега не беше надминат, ВМРО-ДПМНЕ и од опозицијата прави се што може за да ги реши проблемите на граѓаните. Ја повикувам владата да го прифати овој амандман и да не ги скрати средствата и ВЕДНАШ да почне со реализација на овој проект“, истакна тој.

Коронавирус