сабота, 14. декември 2019. Вести денес: 19
Во живо

ВО ЖИВО: Прес-конференција на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски

home Вести

Пратениците куртулија од нарко тестови

Пратениците куртулија од нарко тестови

Народните избраници нема да подлежат на нарко тест. Собранискиот спикер Џафери не гледа правен основ за реализирање на иницијативата на незавианта осумка за доброволно тестирање на пратениците за наркотици.

,,Во Законот за пратеници, во Деловникот за работа на Собранието и во Уставот на Република Северна Македонија, нема правен основ според кој Претседателот и Собранието на Република Северна Македонија би можеле да ја реализираат Иницијативата на Независната пратеничка група.  Условите за кандидирање, за избор и за работа на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија се јасно дефинирани и оттука, Претседателот на Собранието не може и не смее да постапува надвор од своите законски овластувања.

Поводот за оваа Инцијатива, која наиде на одобрување од сите пратенички групи, беа објавените снимки на кои пратеникот Павле Богоевски наводно се слуша како нарачува кокаи, а на кои  јавноста бурно реагираше. Богоевски кој ја потврди автентичноста на аудио снимаката, но тврди дека нарачувал масло од канабис и денеска не сакаше да дава изјави.

По низата повици до надлежните институцуии овикуваат  да го испитаа случајот на Богоевски и да постапат согласно законите, минситерот Спасовски вели дека полицијата се уште работи на случајот и ветува негово расчистување.

Од јавното обвинителство, пак, велат дека сесе уште го чекаат известувањето од МВР во врска со наводите кои пратеникот Богоевски ги пријавил во полициска станица и дека допрва ќе одлучуваат дали ќе го исражуваат и неовалстеното снимање и нелегалното набавување на наркотични средства.

Извор: kanal5.com.mk