среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 101
home Вести

Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ: Внимавајте што ветувате, општините поради вас се наоѓаат во тотален хаос

Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ: Внимавајте што ветувате, општините поради вас се наоѓаат во тотален хаос

На седница на комисија за финансирање и буџет свои обраќања имаа пратениците Игор Здравковски и Златко Пенков од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“. При своите обраќања ја потсетија власта на ветувањата од локалните избори кои ги даваа,а денес од тие ветувања реализација е нула.

Здравковски истакна дека власта ветуваше на Велешани пред избори се и сешто, а покрај тие ветувања е и изградба на мостот во населба Речани кој што би ги споил двата дела од градот и би имало подобра комуникација помеѓу овие два дела.

„Со изградбата на мостот во населбата Речани би се поврзал левиот и десниот дел на Вардар, на градот и би имало подобра комуникација, бидејќи во таа населба Речани имаме индустриска зона која што функционира, меѓутоа немаме доволно брза и доволна квалитетна комуникација“, истакна Здравковски.

Пенков на седницата на Комисија за буџет и финансирање посочи дека обезбедување на паркинг места и регулација на сообраќајниот хаос во Неготино е потребно час поскоро.

„Станува збор за елементарна потреба на моите сограѓани во Неготино, поголемиот број на возила си го направи своето, необезбедени паркинг места и сметам дека обезбедување на катни гаражи и регулација на сообраќајниот хаос е едно такво решение е те како потребно за граѓаните на мојата Општина“, појасни Пенков.

Пенков додаде дека за време на локалните избори СДСМ ветуваше се и сешто во Неготино, но колку исполнија се гледа. Една голема нула од нивните ветувања добија граѓаните на Неготино.

Коронавирус