среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 155
home Вести

„Пратеници од коалицијата на СДСМ разговараат за ново Парламентарно мнозинство“

„Пратеници од коалицијата на СДСМ разговараат за ново Парламентарно мнозинство“

Александар Николоски вечерва гостуваше во емисија на „Што мисли народот“, на локална телевизија во Штип ТВ Стар. При своето гостување посочи дека парламентарното мнозинство на СДСМ се распарчува, веќе им бегаат пратеници од нивната коалиција.

-По мене ВМРО-ДПМНЕ во моментов со сета почит кон сите претходни парламентарни состави го има најсилниот парламентарен состав, а тоа се гледа во Собранието, со квалитетот на луѓето кои ги имаме. Секако секој е стручен во својата област. Ова се пратеници избрани од народот, пратеници кои што ги бираше членството на ВМРО-ДПМНЕ и сум апсолутно убеден дека ќе останат до крај лојални на ВМРО-ДПМНЕ, нагласи Николоски.

Николоски додаде дека мечката овој пат заигра во дворот на Зоран Заев.

-Во овој момент, еве ексклузивно има пратеници од коалицијата на СДСМ, кои што не се од Беса или од ДУИ туку од останати пратеници во рамки на коалицијата на СДСМ кои што веќе разговараат за ново парламентарно мнозинство, истакна Николоски.

Најнови вести

Коронавирус