понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не присуствува на денешната седница: Нема да бидеме соучесници во капитулацијата- со Договорот се деградираат македонските граѓани

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не присуствува на денешната седница: Нема да бидеме соучесници во капитулацијата- со Договорот се деградираат македонските граѓани

Денес власта преку незаконска процедура со грубо кршење на правните прописи сама го носи Договорот со Грција кој во својата суштина е противуставен и во спортивност со националните и државните интереси. Со тоа што се прибегнува кон груба злоупотреба на прописите, злоупотреба на европското знаменце, само за да овој штетен договор се донесе е јасен показател дека власта, парламентарното мнозинство и премиерот Зоран Заев се свесни за неговата штетност и деструктивност, но и покрај тоа сакаат да го донесат овој договор, истакна Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

-Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ нема да биде соучесник во капитулацијата, во кршењето на процедурите, напротив ние жестоко се противиме на сето ова. ВМРО-ДПМНЕ и нашата пратеничка група одлучија да не присуствуваат на денешната седница каде се носи незаконски и неуставен договор кој претставува деградирање на македонските граѓани и е во спротивност со највисоките државни и национални интереси, рече Јанушев и додаде:

„ВМРО-ДПМНЕ нема да биде соучесник и се противи на акт со кој се предвидува промена на Уставот, со цел промена на уставното име, акт со кој се определува бришење на зборот Македонија, се задира во суштината на идентитетот и се врши трајно осакатување на белезите на државата и идентитетот на македонскиот народ. Ова не е нешто за што може да се слави. Капитулациите секаде во светот се срамен чин. Водено очекуваме овој противуставен акт да не биде потпишан и од страна на претседателот на државата, бидејќи негова прва должност е заштита на националите интереси и заштита на Уставот на Република Македонија“.

Предупредуваме, подвлече тој, дека објавувањето на овој договор без потпис на претседателот е кривично дело кое не застарува и за кое се одговара.

-Таквиот евентуален чин ќе претставува продолжување на грубата пракса на кршење на процедурите и законите се со цел озаконување на нешто што не е законско. Правдата може е спора но треба да се свесни дека за секое кривично дело и кршење на закони ќе се одговара. Реалноста е, но воедно и пораката од Брисел многу јасна, без реални реформи, борби против криминалот и корупцијата, департизација на судството и други структурални реформи, нема да тргнеме ни милимењтар кон ЕУ, изјави Јанушев и додаде:

„Ова јасно покажува дека не ни се потребни штетни договори, туку реални реформи кои со СДСМ на власт нема никогаш да ги имаме. Со ваквите договори Македонија губи и не смее да продолжи да губи, затоа што на Македонија и се потребни победи. Република Македонија е нашето минато, сегашност и иднина. Ваквиот противуставен договор не треба да стапи на сила“.

Коронавирус