петок, 24. септември 2021. Вести денес: 134
home Вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична за Талат Џафери за кршење на процедурите

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична за Талат Џафери за кршење на процедурите

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против собранискиот спикер Талат Џафери, за кршење на процедурите во врска со ратификацијата на договорот со Грција во Собранието, дознаваме од извори од партијата.

Џафери наместо по редовна процедура преку расправа на договорот во Комисијата за надворешни работи, како што е случајот со сите билатерални и мултилатерални меѓународни договори, ја крши процедурата и ја оневозможува расправата давајќи го договорот во Комисијата за европски прашања, злоупотребувајќи го притоа и европското знаменце.

Пратеникот и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев од денешната пресконференција рече дека имаме кршење на Деловникот и членот 135 каде точно се пропишува употребата на европското знаменце.

-Имаме кршење на член 118, став (4) од Деловикот на Собранието кој што предвидува дека со Одлука за основање на работни тела и анкетните комисии се утврудва делокругот за работа и бројот на членови. Во одлуката за основање на постојани работни тела на Собранието на Република Македонија со архивски број 08-1380/1 донесена на 31 мај 2017 година утврдено е дека надлежно работно тело ратификација на меѓунеродни договори е Комисијата за надворешна политика, рече Данев.

Власта и парламентарното мнозинство заобиколувајќи ја Комисијата на надоврешни работи избгнуваат од дебата за овој капитулантски договор.
ВМРО-ДПМНЕ вчера му поднесе кривична на Џафери и во врска со кршењето на процедурите при гласањето на договорот за двојазичност.

Коронавирус