недела, 27. септември 2020. Вести денес: 108
home Вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денес ќе поднесе Предлог-одлука за распуштање на Собранието

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денес ќе поднесе Предлог-одлука за распуштање на Собранието

Денес Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ ќе поднесе Предлог-одлука за распуштање на Собранието на Република Македонија, изјави координаторот на пратеничката група Никола Мицевски.

-Бараме Зоран Заев да поднесе оставка од позицијата Претседател на Владата и во најбрзо можно време да се состави преодна Влада за организирање на избори за пратеници со цел да се испочитуваат роковите за 100 дена Влада. Време за губење нема. За овие две години откакао Зоран Заев и СДСМ се на власт, Република Македонија го допре дното. Не можеме да дозволиме оваа ненародна власт да продолжи да нанесува штети на државата во секој сегмент. За две години СДСМ направи штети со несогледливи последици што се однесува на државните и национални интереси, но и штети кои што секојдневното живеење на граѓаните го прават скоро невозможно, вели Мицевски.

Додава дека како никогаш досега Македонија не била по поделена, ниту по политички, ниту по партиски, ниту по национален основ, ниту по граѓански основ и тоа мора да запре.

„Република Македонија е доведена до степен на потчинетост поради недостоинствени прифатени предлози, наметната двојазичност, разочарувања, никакви реформи во економијата, катастрофи во здравството, нема никакви реформи во образованието, континуирано осиромашување на граѓаните, инавазија на иселување, деморализирање и потеценување на граѓаните без разлика на нивната етничка и партиска национална припадност, загрозување на животната средина, непочитување на Уставот, а пред се промената на уставното име на Република Македонија.“

ВМРО-ДПМНЕ мора да го спречи ова назадување, мора да ја спречи оваа безперспективност во кој живеат граѓаните. Македонија мора да тргне по патот на реформите, не е доцна, но дефинитивно е јасно дека тоа нема да се случи додека нашата земја е под неспособното водство на Зоран Заев и СДСМ, потенцира Мицевски и додава:

„Време е граѓаните на Република Македонија да одлучат во кој правец сакаат да се движи Македонија. Мора да се стави крај на делегитимирани пратеници кои што одлучуваа за прашања за кои не ја добиле довербата од граѓаните и на пратеници и власт кои што не ги почитуваат одлуките на граѓаните. Време е да се стави крај на двегодишните лажни ветувања од страна на власта. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „ЗА подобра Македонија“ знае и има капацитет да ги спроведе потребните реформи и знае како да ги корегира сите штетни политики од изминатите две години.“

-Токму затоа бараме распуштање на Собранието на Република Македонија и заедно со претседателските избори да се спроведат и предвремени парламентарни избори на кои граѓаните ќе си ја вратат државата назад и ќе одлучат да ги водат чесни и сериозни луѓе и луѓе кои пред се ја сакаат оваа земја. Политичари, кои пред се ќе имаат легитимитет од страна на граѓаните и во наредните години ќе ја водат Република Македонија напред, појаснува Мицевски.

Коронавирус