вторник, 20. април 2021. Вести денес: 0
home Вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ апелира до Бектеши да престане да ја замајува и манипулира јавноста

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ апелира до Бектеши да престане да ја замајува и манипулира јавноста

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата најостро реагира и апелира до министерот за економија Крешник Бектеши да престане да ја замајува и манипулира јавноста.

– Очигледно, од ден на ден се повеќе и повеќе расте нервозата и паниката кај власта. За неспособноста на Владата се виновни сите освен Владата предводена од СДСМ и ДУИ. Му порачуваме на министерот Бектеши да се позанимава и да ги повика пратениците од владејачката коалиција да дојдат во Собранието. Го повикуваме Бектеши да побара одговори од пратениците од власта зошто не доаѓаат на пленарните седници иако не се изолирани и не се заразени од КОВИД, се вели во реакцијата на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во врска со изјавата на Министерот за економија, Крешник Бектеши.ж

– Очигледно, коалициските проблеми и несогласувања на и онака веќе тенкото владејачко мнозинство, испливуваат на површина. Ова е уште еден доказ дека кризата во владејачката коалиција станува сериозен проблем. Колку за потсетување, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ досега ги поддржа и понатаму ќе ги поддржува сите економски мерки кои ќе значат олеснување и полесно справување со последиците од КОВИД кризата, но јасно и гласно кажуваме дека нема да дозволиме владата предводена од Заев својата неспособност да ја правда и пере преку ВМРО-ДПМНЕ и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, порачуваат од пратеничката група.

Коронавирус